Кампањата на „Веро“ за „100 производи со замрзнати цени за следните шест месеци“ започна да се спроведува. Од вчера во сите „Веро“ маркети низ државата цените на 100 производи за основна потрошувачка се замрзнати и по таа цена ќе се продаваат во следните шест месеци, без оглед на пазарните флуктуации.
Денеска во посета на „Веро“ маркет беше заменик министерот за економија Марјан Ристески, кој провери на кој начин се спроведува кампањата и какви ефекти ќе има врз буџетот на домаќинствата. Тој ја поздрави одлуката и упати апел до до сите производители, добавувачи и маркети да го следат овој позитивен пример и да ја покажат нивната општествена одговорност, да не ги покачуваат цените на производите од ‘Новогодишната кошница’, како и да не ги покачуваат цените на останатите основни производи
Меѓу 100-те производи со замрзнати цени има основни прехранбени производи, средства за домаќинство и производи за лична хигиена. Освен овие 100 производи со замрзната цена, во „Веро“ маркетите остануваат и намалените цени на производите од новогодишната кошничка, а ќе се организираат и дополнителни акции и промотивни активности со поволности за купувачите.
Петар Денковски, директорот на „Веро“ истакна е дека ова е начин со кој сакаат да помогнат и да придонесат за стабилизација на цените на основите производи во корист на потрошувачите и на граѓаните.
Проектот „100 замрзнати цени“ опфаќа основни производи кои домаќинствата секојдневно ги користат. Целосната листа е достапна во маркетите, а производите со замрзнати цени се обележани на посебно место и се означени со специјални етикети. Производите ќе бидат истакнати и во неделните брошури и објави на социјалните медиуми.
Извор/Фото: „Веро“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.