Македонија

НБРСМ: Надворешниот долг достигна 32,6% од БДП

29 Mar 2024

Нето надворешниот долг на крајот на минатата година изнесувал 4.458 милиони евра или 32,6 проценти од проценетиот БДП, објави денеска Народната банка.

Во четвртиот квартал од годината, нето надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра или за 7,3 проценти.

На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.463 милиони евра и забележа квартално зголемување од 386 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се зголемија за 81 милион евра и изнесуваат 7.004 милиони евра. Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 305 милиони евра, така што на крајот на декември 2023 година тој изнесува 4.458 милиони евра, соопштуваат од Народната банка на Република Северна Македонија.

 Од таму истакнуваат дека негативната нето меѓународна инвестициска позиција на крајот на декември 2023 година, изнесува 8.500 милиони евра, или 62,2% од проценетиот БДП за 2023 година. Од овој износ, најголемиот дел, или 87%, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 69% се врз основа на сопственички капитал.

Во однос на крајот на 2022 година, нето надворешниот долг е зголемен за 147 милиони евра (или 3,4 проценти), во услови на зголемување на нето приватниот долг (за 269 милиони евра), а намалување на нето јавниот долг (за 122 милиона евра).

Извор: Народна банка на Република Северна Македонија

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...