Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директните плаќања за оддржување на лозови насади.
Со исплатата се опфатени 14.830 лозаропроизводители за кои се одвоени 597 милиони денари.
Со оваа исплата започнуваме со континуирана исплата на директните плаќања за поднесените барања за растително и животинско производство, информира директорот Никица Бачовски.
АФПЗРР во следниот период ќе ги интензивира активностите во поглед на исплата на субвенциите за 2022 и 2023 како важна државна поддршка за оддржување и зголемување на земјоделското производство.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.