Македонија

Развојна банка ги презентираше кредитните линии пред компаниите од Стопанска комора

25 ное 2022

Пред 40 - тина компании членки на Стопанската комора на Македонија беа презентирани актуелните кредитни линии на Развојната банка. 

На презентацијата, што се одржа вчера, присуствуваа главниот извршен директор на Развојната банка Кире Наумов и главниот оперативен директор Фарук Исмаили.

Презентирањето на актуелните кредитни линии и производи од страна на стручните служби на Развојна банка беше проследено со голем интерес од страна на компаниите. Тие беа детално запознаени со можностите за искористување на производите на банката, кои би им овозможиле полесен пристап за финансирање, информираа денеска од Развојната банка.

Наумов посочи дека основната цел на Развојната банка е понуда на кредити коишто се пониски од деловните банки.

По својата дефиниција работиме за да им помогнеме на малите и средни претпријатија. Ги следиме барањата на стопанството, го поддржуваме нивниот развој, но во овие услови на криза, претходно ковид пандемијата, сега енергетската криза, помагаме во задржување на нивната ликвидност, истакна Наумов.

Активата на банката бележи раст во изминатиот период, односно е зголемена од 168 милиони евра на крајот на 2019 година на 267 милиони евра во првата половина од 2022 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...