Македонија

Премија од 250.000 денари како финале на 25 роденден на „Веро“

17 Nov 2022

„Опуштено цела 2023 година“ е големата наградна игра за потрошувачите со која „Веро“ ќе ја заокружи јубилејната роденденска година. Најголемото изненадување доаѓа на крајот – главна премија од 250.000 денари за најсреќниот потрошувач.

Почнувајќи од 16 ноември сѐ до 29 декември, потрошувачите на „Веро“ ќе можат да учествуваат во наградната игра и да добијат вредносни ваучери во различна вредност кои ќе можат да се искористат за пазарување во „Веро“ маркетите. Наградната игра се состои од шест извлекувања во кои ќе се доделат вкупно 60 ваучери од по 25.000 денари, 60 ваучери од по 2.500 денари, 60 ваучери од по 1.500 денари и главната награда - ваучер од 250.000 ден.

Во наградната игра може да учествува секој полнолетен потрошувач со сметка над 300 денари од означените промотивни производи, за која ќе добие купон. Купоните треба да се пополнат со лични податоци и да се остават во означените кутии поставени во сите „Веро“ маркети.

Предновогодишниот период е време кога се подготвуваме за најубавите семејни собирања и дружби со драги луѓе. Празниците нѐ обединуваат на заедничка трпеза, а ние во „Веро“ се трудиме уште повеќе да им го разубавиме празничниот период на нашите потрошувачи и да им го направиме посреќен. Задоволството е уште поголемо кога на ваков начин го заокружуваме јубилејниот 25 роденден кој целосно им беше посветен на нашите потрошувачи, креирајќи за нив посебни роденденски понуди и изненадувања. Наградувајќи ги нашите потрошувачи, ќе ја завршиме годината на најубав можен начин, изјави Милана Петковски, маркетинг - директор на „Веро“.   

Главното извлекување е закажано непосредно пред крајот на годината, на 30 декември. Имињата на добитниците редовно ќе се објавуваат на профилите на социјалните мрежи на „Веро“ маркети. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...