Македонија

Бизнис настан SUBEX - Suppliers Balkan Expo

15 Nov 2022

Во организација на Делегацијата на германското стопанство во Македонија денеска и утре во Скопје ќе се одржи бизнис настан SUBEX – Suppliers Balkan Expo.

Целта на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од прехранбената, металната, електро, ИТ, текстилната, дрвната индустрија Северна Македонија со компании купувачи од Германија, Грција, Турција, Романија, Албанија и Косово.

Со најновите случувања во Европа и промените во глобалниот синџир на добавувачи, сметаме дека настан како SUBEX е одлична можност да се даде поддршка на домашните стопанственици од преработувачка индустрија, велат организаторите.

На настанот денеска ќе се обратат министерот за економија Крешник Бектеши и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...