Нов пакет мерки за бизнисот ќе бидат објавени на 28 септември,најави претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, по средбата со министерот за економија Крешник Бектеши, на која присуствуваа и претставници на 10 – те најголеми компании потрошувачи на електрична енергија во земјава.
Мерките веќе се финализираат, а нивна цел е задржување на конкурентноста на фирмите и на работните места. Соработката со Владата во последните месеци е на највисоко ниво, а суштината е да се помогне таму каде е тоа најпотребно, нагласи Азески.
Како што истакна министерот Бектеши, за компаниите ќе се обезбеди доволно електрична енергија, но се прават максимални напори за цената на струјата да биде што порационална.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.