На третиот ден од меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“ на Белградскиот саем, винарниците „Тиквеш“ и „Камник“ го освоија Винскиот трофеј Отворен Балкан.
Српската премиерка Ана Брнабиќ ги додели престижните трофеи за најдобра автохтона сорта на „Тиквеш“ за црвеното вино Barovo Red 2019 и за сортата „оранж“ на „Камник“ за виното Kamnik The Orange 2019.
Вината беа оценувани од жири-комисија, составена од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното“. Натпреварот се организираше во категориите бели, црвени, розе, пенливи, слатки, портокалови и збогатени вина, а посебни трофеи беа доделени на вина направени од автохтони сорти од Балканот.
На саемот учествуваа речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји – Србија, РС Македонија (42 винарници), Албанија и од земјите од регионот, но и од целиот свет – Јужна и Северна Америка и Централна Европа.
Премиерката Ана Брнабиќ на доделувањето на наградите кажа дека со овој саем, земјите од Отворен Балкан докажаа што можат да им понудат на Европа и светот.
На меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“, кој се одржа од 1 до 4 септември на Белградскиот саем, присуствува повеќе од 350 излагачи од 39 земји – 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, 47 излагачи од РС Македонија. Покрај земјите-членки на Отворен Балкан, изложувачи имаше и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и од други земји.
Под слоганот „Вкуси го животот“ РС Македонија на саемот учествуваше со 42 винарници и 3 дестилерии, кои промовираа повеќе од 300 различни вина и ракии. Освен тоа, беа присутни и производители на храна, кои ја претставија автентичната македонска кујна.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.