Прометот во трговијата на мало, во февруари годинава во споредба со истиот период лани, бележи зголемување во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво и тоа номинално за 11,2, а реално за 7,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците на ДЗС, зголемувањето во групата трговија на мало, освен трговија со горива номинално е за 6,8, а реално за 1,0 отсто.
Во трговија на мало со автомобилски горива номиналното зголемување е за 58,7 отсто, а реално за 21,2 отсто, а во групата трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 2,5 отсто, а реално е намален за 5,6 тсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.