Македонија

(ГАЛЕРИЈА) Нов „Ти-Ди фрути“ во Струмица

18 Feb 2022

Во средата (16 февруари) беше отворен новиот специјализиран маркет за овошје, зеленчук и здрава храна „Ти-Ди фрути“ во Струмица.

Специјализираниот маркет се наоѓа на улицата Младинска, бр. 146. Асортиманот го сочинуваат околу 700 производи од категориите овошје, зеленчук и здрава храна, а потрошувачите се услужуваат на една наплатна каса.

Ова е четвртиот маркет на компанијата „Аграр компани“, фирма која се занимава со откуп, пакување и извоз на овошје и на зеленчук во европските држави. Компанијата располага со сопствен центар за пакување, ладилници за одржување и возила за дистрибуција.

Плановите ни се да бидеме поблиску до секој граѓанин, изјавија за InStore од „Ти-Ди фрути“.

Gallery: TI-DI Frutti



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...