Македонија

Уште еден „Киппер“ во Струмица

13 Dec 2021

Денеска (13 декември) „Киппер“ отвори нов маркет во Струмица. Ова е 2. продажен објект на хард-дисконтерот во овој град и 75. во земјава.

Новиот „Киппер“ се наоѓа на улицата Климент Охридски, бр. 1. Вкупно се простира на 620 квадратни метри, од кои 540 квадрати се продажна површина и 80 се магацински простор. Во него има две наплатни каси, а за услугата се грижат 8 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.500 прехранбени и непрехранбени производи.

За само три дена, во четврток планираме отворање на два нови маркета – во Радовиш и во Куманово, а следни нови локации на листата се: Тетово, Скопје, Струга и Штип, изјавија за InStore од „Киппер“.

Првиот „Киппер“ во Струмица беше отворен на 31 мај годинава.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...