Веќе порастот на цените на производите од 5 до 10 отсто стана товар за граѓаните, вели Маријана Лончар-Велкова од Организацијата на потрошувачи во Македонија (ОПМ) поради што бара мерки од Владата.
Како организација на потрошувачи во Македонија не можеме да мируваме и сме исплашени за моменталната ситуацијата. Нашиот апел до бизнис заедницата и Владата е да се погрижи за ограничување на цените, барем за основните производи како што се маслото, брашното, лебо, шекерот, солта и млекото, рече Велкова во емисијата „Утрински брифинг“.
Премиерот Зоран Заев вчера увери дека се преземаат мерки за да се одржи стабилна цената на електричната енергија за домаќинствата, како и за помош на компаниите, а за прогнозите за скок на цените на храната и до 50 проценти оцени дека се „претерани“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.