Македонија

Горска вода склучи соработка со Здружението „Платформа за Зелен Развој“

01 Oct 2021

Горска Вода даде поддршка и направи соработка со Здружението „Платформа за зелен развој“.

Станува збор за организација која е фокусирана на воведување на концептот за зелен развој и неодамна започна со реализација на меѓународниот проект Ploutos. Во овој проект се вклучени низа активности поврзани со процесот на донација на храна и
решавање на проблемот со отпад на храна. Со нашето учество, односно донација на наши производи во СОС Детско село, сметаме дека ќе придонесеме да се помогне онаму каде е најпотребно и неопходно
, соопштија од Горска Вода. 

ГОРСКА вода е една од првите фабрики во реонот што користи зелена енергија, односно обновливи алтернативни извори 
на енергија.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...