Македонија

Намален е бројот на работници во индустријата

02 Sep 2021

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава е намален за 0,8% во споредба со истиот месец во 2020 година, а за периодот јануари – јули 2021 година во споредба со истиот период лани бележи пад за 2,2%.

Според Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во јули 2021 година во споредба со јули 2020 година бележи опаѓање од 7,5%, во секторот преработувачка индустрија опаѓање од 0,2%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување за 2,7%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2021 година, во споредба со истиот месец лани, бележи опаѓање во секторите: енергија (3,9%), интермедијарни производи, освен енергија (1,5%) и нетрајни производи за широка потрошувачка (6,2%). Пораст е забележан кај капитални производи (12,2%) и трајни производи за широка потрошувачка (5,6%).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...