Од утре,15 јули, компаниите ќе можат да аплицираат за нова бескаматна кредитна линија „Ковид 4“.
Линијата ја промовираа заменик-претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и извршниот директор на Развојната банка, Кире Наумов.
„Ковид 4“ бескаматната кредитна линија изнесува 615 милиони денари или околу 10 милиони евра, и со оваа линија ќе бидат поддржани микро, мали и средни трговски друштва од најпогодените сектори од Ковид -19, од опфатените дејности во делот на кредитокорисниците, занаетчиите што плаќаат давачки на реален приход, трговските поединци и приватните здравствени установи. Износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност од бројот на вработените и падот на приходите, може да изнесува од 3.000 до 30.000 евра, а роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеци со 12 месеци грејс -период, кажа Битиќи.
Во оваа кредитна линија е овозможена и грант - компонента до 50 отсто од висината на кредитот, доколку корисниците ги исполнат потребните услови: во 2021 да имаат пет отсто повеќе вработени во однос на 2020 година и вкупните приходи во 2021 да се зголемени за 10 отсто во однос на 2020 година или може да добијат грантови од 20 или 30 отсто доколку е остварен еден од условите.
Оваа поддршка е за да им се помогне на граѓаните и на стопанството, особено на оние најпогодените, со цел да го амортизира влијанието на пандемијата и да овозможи услови за што поскоро и побрзо закрепнување на домашната економија од последиците од глобалната криза. Воочуваме постепено и стабилно подобрување на економската состојба што се отсликува преку повеќе макроекономски индикатори, смета Битиќи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.