Македонија

Денеска се отвори првиот „Дим маркет“ во Куманово

16 јун 2021

Компанијата „Гранд пром Зур“ денеска отвори нов „Дим маркет“, кој е 9. продажен објект од овој формат и прв во Куманово.

Хард-дисконтот е лоциран на улицата Тоде Думба, бр. 97 и зафаќа површина од 305 квадратни метри. За услугата се грижат 8 вработени, а потрошувачите се услужуваат на две наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат околу 2.000 активни производи.

Ова е првиот „Дим маркет“ во Куманово и вкупно 9. продажен објект од овој формат. Планираме отворање на уште 3 маркета во Куманово, кои веќе ги подготвуваме, со што наскоро ќе бидеме застапени со вкупно 4 продажни места во овој град, изјавија за InStore од компанијата.

Досега компанијата „Гранд пром Зур“ има вкупно 29 продажни објекти во малопродажната мрежа, од кои 20 „Зур“ и 9 „Дим маркет“.

Горди сме што можеме да најавивиме дека и во ова време на различни предизвици ја прошируваме продажната мрежа и надвор од Скопје, со тоа што се надеваме дека наскоро ќе бидеме застапени и во другите градови, истакнуваат од „Гранд пром Зур“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...