Вчера (27 мај) хард-дисконтерот „Киппер“ отвори нов продажен објект во Дебар, на улицата Велко Влаховиќ, бр. 1.
Ова е првиот „Киппер“ во Дебар и 66. продажен објект на синџирот хард-дисконти во Македонија. Вкупната површина на новиот маркет е 470 квадратни метри, од кои 440 квадрати се продажен простор. Пред објектот, на околу 400 квадратни метри, обезбеден е паркинг-простор за купувачите со возила.
Маркетот има понуда од околу 2.200 производи. Освен редовниот асортиман, во новоотворениот маркет има и оддел за свежо месо, како и за овошје и зеленчук. Потрошувачите се услужуваат на 2 наплатни каси, а за услугата се грижи персонал од 10 вработени.
Следниот маркет ќе биде отворен наредната недела во Струмица, а следуваат и новите продажни објекти во Радовиш, Ресен и во скопската населба Радишани.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.