Македонија

„Киппер“ отвори нов маркет во Кичево

27 апр 2021

Вчера (26 април) „Киппер“ го отвори новиот објект во Кичево, кој е 63. маркет во малопродажната мрежа на хард-дисконтерот.

Новиот маркет се наоѓа на булеварот Ослободување, бр. 7. Се простира на вкупна површина од 320 квадратни метри, од кои 290 се продажен простор, а преостанатите се користат како магацин. Во маркетот има две наплатни каси, а за услугата се грижи персонал од 8 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.900 (не)прехранбени производи.

Веќе задутре, во четврток, ќе имаме отворање на нов маркет во Куманово, првата недела од мај е планирано отворање во Штип, а втората недела и во с. Боговиње, откриваат за InStore од „Киппер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...