Поповолни се очекувањата за нарачки во преработувчката индустрија во февруари 2021 година во однос на претходниот месец, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а и залихите на готовите производи се зголемени.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2021 година е зголемен за 0,4 процентни поени во однос на јануари 2021 година и изнесува 14,2, а во однос на февруари 2020 година е намален за 8,5 процентни поени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на февруари 2020 година.
Очекувањата се дека во оваа гранка бројот на вработените ќе се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2021 година изнесува 70,7 отсто од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,7 отсто, неизвесното економско опкружување со 16,5 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 14,8 отсто и недоволната домашна побарувачка со 14,9 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.