Македонија

Централниот регистар ќе избрише 3.500 неактивни фирми

18 Feb 2021

Централниот регистар ќе избрише 3.500 фирми од својата евиденција затоа што до крајот на 2020 година не поднеле годишна сметка. 

Ќе се бришат и фирми што по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб-страницата на Централниот регистар, не го внеле или уплатиле основачкиот влог.

Од Централниот регистар ги повикуваат законските застапници, содружниците, како и доверителите, во рок од една година од денот на објавувањето на најновиот список да поднесат предлог за стечај или предлог за ликвидација.

Доколку во рок од една година Централниот регистар не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка, субјектот ќе биде избришан, додаваат од ЦРРСМ. Централниот регистар сѐ до истекот на законскиот рок за објава ќе врши редовно ажурирање на објавениот список и ќе ги отстрани трговците поединци и трговските друштва кои ги отстраниле причините поради кои биле ставени на списокот, како и оние кои објавиле стечај или биле ликвидирани, соопштиија од Централниот регистар.

Според законот, основачите и управителите на фирмите што ќе бидат избришани од Централниот регистар, следните три години ќе немаат право да основаат или да управуваат со друга фирма. Измените во Законот за трговски друштва стапија на сила во 2015 година и со нив е предвидено да се бришат сите пасивни фирми кои годишно нема да поднесат завршна сметка или немаат запишано имејл-адреса.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...