Македонија

Просечната плата во ноември била 27.588 денари

21 Jan 2021

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27.588 денари и е за 7 отсто повисока во споредба со истиот месец од претходната година. Просечната бруто плата, пак, изнесува 41.141 денар и е за 7,4 отсто повисока во однос на ноември 2019 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Според податоците на ДЗС, зголемувањето на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 11,2 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита 11,2 и образование за 9,5 отсто.

Намалување на просечната плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,1 отсто, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 3,6 и објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 3,4 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...