Новиот специјализиран маркет за овошје, зеленчук и здрава храна „Ти-Ди фрути“ беше отворен на 9 декември во Скопје, на локација Реонски центар Аеродром, ул. 1613, бр. 2/1-2, зад трговскиот центар „Лиса“.
Ова е четвртиот маркет на компанијата „Аграр компани“, односно прв во Скопје. Првите три маркета беа отворени годинава во Струмица.
„Аграр компани“ се занимава со откуп, пакување и извоз на овошје и на зеленчук во европските држави. Фирмата располага со сопствен центар за пакување, ладилници за одржување и возила за дистрибуција.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.