Македонија

10 години MAMA’S

15 Dec 2020

Брендот Mama's годинава прославува 10 години постоење на македонскиот пазар. На почетокот во асортиманот на Мama's беа вклучени производи од пиперка, како што се ајвар, малиџанo, лутеница, а потоа се разви слатката програма, готовите јадења и киселата програма. 

Освен на македонскиот пазар, за овие десет години, производите станаа достапни и во 45 земји, а како што нагласуваат од Маma's, сето тоа е можно поради поддршката на потрошувачите. 

Нам во Mama's, моќта на љубовта ни е добро позната. Ни дава храброст, мотивација и енергија да го правиме тоа што никој, па дури ни самите ние, не сме мислеле дека е возможно. Во нашиот случај, љубовта e таa што изминативе 10 години ни дава сила да приготвиме вкусни рецепти направени од 100% локални и природни состојки и да ги споделиме со љубителите на Mama's, во 45 земји низ светот, соопштија од Маma's.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...