Македонија

Од следната недела компаниите ќе можат да аплицираат за сите мерки од четвртиот сет

03 Nov 2020

Од почетокот на следната компаниите ќе можат да аплицираат за сите мерки од четвриот сет кој што го донесе Владата. По усвојување на ребалансот на Буџетот се очекува да биде изгласан и Законот за финасиска поддршка за исплата на плати и стопанствениците ќе можат да аплицираат за оваа мерка, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата Топ Тема на Телма телевизија..

Четвртиот сет на мерки веќе почна да се реализира, веќе имавме прилика да објавиме огласи за неколку од мерките кои беа предвидени со четвртиот сет. Секако една од најочекуваните и од работадавачите и од работниците е мерката за финанскска поддршка за исплата на плати. Утре треба да се усвои ребалансот на Буџетот, а во текот на оваа недела ќе се изгласа и Законот за финансиска поддршка за исплата на плати, а имајќи во предвид во соработка и преку инклузивен процес со стопанските комори ги менувавме механизимите и кретириумите за оваа мерка, од следната недела компаниите ќе може да аплицираат, не само за оваа мерка, туку и за останатите мерки имајќи во предвид дека голем дел од мерките се спроведуваат преку програми кои што треба да ги донесе Владата и за нив треба да бидат објавени огласи, кажа Бектеши.

Министерот смета дека четвртиот сет мерки не е задоцнет, а финансиската поддршка ќе стигне навреме, но со оглед на тоа што за разлика од првите три сета, четвртиот сет на мерки се преточени во законски решенија, кои што согласно законските процедури мора да бидат изгласани во Собранието.

Сега не сме во вондредна ситуација, па да можеме ние како Влада да носиме уредби со законска сила. Треба да се поминат сите процедури во Собранието и ребалансот на Буџетот. Прифативме неколку амандмани и од опозицијата и сакам да ги повикам пратениците да го гласаат ребалансот на Буџетот и другите законски решенија кои се во собранска процедура се со цел да им излеземе во пресрет на стопанството, на најпогодените компании и граѓани и на таков начин да ја олабавиме економската криза, рече Бектеши.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...