Skopje Marketing Summit 2022

Стефан Ивановиќ: Пакувана храна – трендови за 2023

25 May 2022

Во својата презентација на Skopje Marketing Summit, Стефан ќе даде осврт на извештајот за трендовите во 2023 година, генерално во прехранбената индустрија.

Skopje Marketing Summit е настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот. Настанот, во организација на „Кликер маркетингќе се случува онлајн на 2 јуни и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на marketing-summit.mk.

Во својата презентација на Skopje Marketing Summit, Стефан ќе даде осврт на извештајот за трендовите во 2023 година, генерално во прехранбената индустрија. Најголемиот фокус ќе биде на амбалажата, со особен осврт за тоа кои информации од амбалажата на прехранбените производи се значајни за потрошувачите од овој регион.

Стефан е СЕО во центарот за маркетинг-стратегии ePlus и претседател на Централноевропската агенција за развој и соработка (CEARAS).

ePlus е специјализирана агенција за развој на В2В и В2С маркетинг-стратегии. Со 23-годишното искуство и со лидерски способности во регионот на ЦИЕ, улогата на Стефан е фокусирана на развој на интернационални и локални брендови, како: McDonald's, Audi, Doncafé, Centroproizvod, Nestlé Ice Cream, Lesaffre, Di-go, Don Don, Пивара Скопје, LePons, Jasen, Mega Užice и десетина други.

Во последните неколку години тој го предводи тимот што ја разви стратегијата за брендирање и глобална комуникација за туристичките региони Староградско Поле, островот Хвар (2020) и Цетинска Краина (2019) во Хрватска.

Стефан многу често е ангажиран како консултант за различни програми, кои ја подржуваат конкурентноста и извозните капацитети на локалните мали и средни претпријатија (МСП) во Србија. Тој е автор на специјализирани бизнис-тренинзи за  МСП, програми финансирани од УСАИД, ЕУ-фондови и на програми од Регионалната агенција за развој и европски интеграции на Србија. Пишува аналитички статии за трендовите во индустријата, продажбата и маркетингот за специјализирани В2В-списанија.

Јадранскиот Регион е во фокусот на интересот на Стефан, бидејќи живеел во 4 земји, а работел и за една од најистакнатите светски маркетинг агенции DDB Worldwide:

  • Регионален акаунт директор за ЦИЕ @ DDB Europe, Букурешт (Романија);
  • Генерален директор @ Olympic DDB, Софија (Бугарија);
  • Извршен директор @ Idea Plus DDB, Скопје (Северна Македонија);
  • Акаунт директор @ Idea Plus DDB, Белград (Србија).

По агенциското искуство, Стефан стекнува големо искуство од клиентска страна, развивајќи значајни брендови на локални и меѓународни пазари:

  • Директор за маркетинг и извоз @ Doncafe (Strauss Group), Белград
  • Маркетинг-директор @ Nestlé Ice Cream, Белград
  • Маркетинг-директор @ Centroproizvod, Белград
  • Главен оперативен директор @ Jasen, Белград / Краљево
  • Директор за маркетинг и B2C бизнис-операции @ FK Crvena zvezda, Белград

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...