Skopje Marketing Summit 2022

Нели Ангелова: Двојната реалност на односите со јавноста во дигиталната ера

18 апр 2022

ПР2 или двојната реалност на односите со јавноста во дигиталната ера е темата на која ќе зборува Нели Ангелова од „Нестле“ на вториот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 2 јуни во организација на „Кликер маркетинг“.

Нели е менаџер за комуникации во „Нестле“ за Југоисточен Регион (Бугарија, Романија, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија).

Веќе 30 години таа е член на големото семејство „Нестле“ со значителен развој во кариерата. Голем дел од работниот век поминува во комерцијалниот сектор на компанијата (продажба, маркетинг и менаџер во секторот за раководење со храна) и е дел од секторот за комуникации (корпоративни и маркетинг).

Страствен говорник, човек што вистински верува во холистичкиот начин на комуникација и креативното размислување во дигиталните комуникации. Темата на која ќе зборува на Skopje Marketing Summit, настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот, е насловена: ПР2 – двојната реалност на односите со јавноста во дигиталната ера.

 Skopje Marketing Summit ќе се случува онлајн на 2 јуни и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на marketing-summit.mk.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...