FMCG Македонија 2021

Приклучете ни се утре на 7 FMCG SUMMIT SKOPJE 2021!

27 окт 2021

Утре ќе се одржи 7 FMCG SUMMIT SKOPJE 2021, најголемиот трговски настан во годината што ги обединува професионалците од трговијата, дистрибуцијата, логистиката и сите други придружни дејности во индустријата за стоки за широка потрошувачка. Самитот ќе почне во 9 часот и ќе се одржи онлајн. Повеќе за програмата и за биографиите на говорниците можете да видите тука. 

Конференцијата може да ја следите БЕСПЛАТНО на линкот https://www.youtube.com/watch?v=CxgPYacP7rY.

Организатори се магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Десет говорници на актуелни теми ќе зборуваат за проблематиките кои го засегаат секторот, за начините како да се направи разлика, како мудро да се делува на сите предизвици, како да се употребат проверени практики, но и како да се опстои во несигурни времиња кои стануваат константа во работењето и конечно како да се има победничка визија. Ексклузивен говорник е Жан-Жак Ванденхид (Jean Jacques Vandenheede), футуролог и експерт за трендови во малопродажбата, со претходно долгогодишно искуство како виш аналитичар во „Нилсен“.

Говорници се:

- Реј Гал (Ray Gaul), ко-основач и извршен директор во Retail Cities;  

Александра Мартиновска Стојческа, професор и раководител на Институтот за агроекономика на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје (УКИМ);

Селма Кадиќ – Маглајлиќ, професор по маркетинг на CBS;

Душан Рангелов, директор за развој на бизнис, основач на „Sales & Business Consulting“ во Србија;

Илина Бакев, директорка на компанијата „Мамас“ (Mama’s) во Австрија

-Петар Бошкоски, менаџер за комерцијални операции во „Филип Морис ТКП ДОО Скопје“;

Борис Вукиќ, партнер и еден од основачите на „ Adizes Southeast Europe “ (ASEE);

Драган Стајковиќ, генерален директор на компанијата „Бамби“.

Спонзори на 7 FMCG SUMMIT SKOPJE 2021 се: „Веро“, „Тинекс“, КАМ, „Гебрудер Вајс“, „Орбико“, „Нелт“, НЛБ Банка, „Тривити“, „Пакомак“, „Пивара Скопје“, „Гранд кафе“ и „Мама’с“. 

Самитот се одржува еднаш годишно. Минатогодишниот 6 FMCG SUMMIT 2020, кој беше исто така онлајн, имаше повеќе од 1.500 посетители и  постави рекорд во посетеност на самитите што досега ги организиравме. Приклучете ни се и уверете се зошто изборот на темите и на говорниците ќе го задржи вашето внимание од почеток до крај! 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...