FMCG Македонија 2021

Врвни професионалци на 7. FMCG Summit Skopje 2021

29 Sep 2021

Десет години по ред магазинот InStore е партнер на целокупниот FMCG сектор на македонскиот пазар, а 7. FMCG Summit Skopje 2021 е уште еден доказ за нашите заложби секогаш да го пренесуваме тоа што е најдобро. Самитот што ќе се одржи онлајн на 28 октомври е во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Ви претставуваме дел од говорниците: 

Д-р Александра Мартиновска Стојческа е професор и раководител на одделот за земјоделска политика на Институтот за земјоделска економија, Факултет за земјоделство и храна, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа предава управување со трошоците на фармата, деловна анализа, сметководство на фарма, сметководство и вреднување во земјоделството. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат економски и технички перформанси на земјоделството, анализа на ефикасноста и продуктивноста, трошоци за производство, анализа на трошоците и придобивките, а од неодамна работи и на однесувањето на земјоделците при донесување одлуки и стратешки избори, анализа на заинтересираните страни од синџирот на вредност, економски аспекти на климатските промени и политика за земјоделство и политика за рурален развој. Учествувала во бројни национални и меѓународни проекти. Нејзината научна соработка во земјата и во странство вклучува учество во различни експертски групи, учество на научни конференции, преглед на научни публикации и објавување на истражувачки резултати во различни публикации. Член е на Националниот комитет за следење на ИПАРД, национален координатор за соработка со Европската асоцијација на аграрни економисти и клучен експерт во Националната конвенција ЕУ-МК.

Селма Кадиќ - Маглајлиќ е професор по маркетинг, со докторат кој го стекнува на Универзитетот во Љубљана, Словенија. Во моментов таа е вонреден професор по маркетинг на Одделот за маркетинг на Бизнис-школата во Копенхаген. Таа е искусен академик за маркетинг, со претходно искуство во автомобилската, забавната и медиумската индустрија, со страст да им помага на продажните организации да ги оптимизираат своите стратешки одлуки користејќи силна и ригорозна анализа. Таа им помага на компаниите креирајќи и спроведувајќи продажни стратегии. Се занимава и со дизајнирање и управување со истражувања на пазарот, како и со консултации за организирање на големи продажни настани. Истражувањето на Селма е објавено во различни меѓународни списанија. Таа е докажан едукатор, тренер и специјалист за развој на тим.

Душан Рангелов е директор за развој на бизнис, основач на „ Sales & Business Consulting “ во Србија, професионална агенција за консултации за развој на бизнисот, специјализирана за продажни пазарни процеси, менаџмент за способност за продажба, контрола на продажба и управување со приходи. Тој е одговорен за истражување, развој, приспособување и имплементација на подобрувањата во рамките на деловните стратегии. Тој им помага на дистрибутивните компании да го постигнат својот целосен потенцијал! Со консултантските услуги, тој ги оценува тековните деловни процеси, ја приспособува организацијата, ги користи расположливите ресурси за нивна најдобра употреба и поставува метрики за креирање на подобра иднината. Со своите активности придонесува за поголема ефиканост на компаниите. Со голема страст им обезбедува поддршка на клиентите користејќи ги нивните вештини и способности, неопходни во процесот на менаџирање и водење на бизнисот.

InStore на својата интернет страница ќе Ви ги претстави сите говорници кои ќе го збогатат Самитот, затоа - следете нè. 

И годинава, можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука

Се гледаме на 28 октомври онлајн на FMCG Summit – Настан за оние кои умеат да направат разлика!



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...