Жан-Жак Ванденхид (Jean Jacques Vandenheede), футуролог и експерт за трендови во малопродажбата, со претходно долгогодишно искуство како виш аналитичар во „Нилсен“, ќе зборува за „Четврта индустриска револуција во малопродажбата“.
Футурологот и експерт за трендови во малопродажбата Жан-Жак Ванденхид е keynote говорник на 7. FMCG Summit Skopje 2021 што ќе се одржи онлајн на 28 октомври, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Откако ја добива дипломата по економија, Ванденхид ја почнува кариерата во „Нилсен“ во 1975 година и со текот на годините остварува контакт со бројни локални и меѓународни играчи во FMCG-секторот. На позицијата country manager е именуван во 1992 година, а две години подоцна го добива признанието FEDIS од белгиските трговци, за неговиот придонес во индустријата. Со текот на времето, неговите одговорности во областа маркетинг и услуги за трговците се прошируваат на европско ниво. Говорник е на многу светски конференции, саеми и семинари, вклучувајќи ги CIES, PLMA, „EuroCommerce“, „Consumer goods forum“, „ECR Euro“ и др. Прегледот и анализата на светот на малопродажбата стануваат негова страст, која трае до ден-денес. По 43-годишна кариера во „Нилсен“, сега е среќно пензиониран, но го продолжува професионалниот интерес како хоби. Ја набљудува, прегледува и истражува тековната FMCG-реалност.
Неговиот фокус постојано е на малопродажбата и, како што вели, имал среќа да комуницира со многу големи играчи. На годинешниот 7. FMCG summit тој е keynote говорник, а неговата тема е: Четврта индустриска револуција во малопродажбата. Ќе зборува за предностите од дигитализацијата во малопродажбата, ќе се осврне на фактот што во САД голем број од продавниците за храна се затворени во изминатите неколку години, како и на големиот број опции со кои малите производители можат директно да дојдат до купувачите.
Според него, малопродажбата е хиперконкурентна и менаџерите секогаш се „на работ“, но истовремено, малопродажните компании се многу традиционални и конзервативни, се двоумат да зачекорат надвор од удобната зона. Четвртата индустриска револуција ги предизвика основите на трговскиот бизнис-модел. Таа ги охрабрува трговците да се осмелат да бидат посебни и уникатни и да влезат во една голема авантура за да бидат успешни во светот што доаѓа.
Повеќе информации на fmcg-summit.mk
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.