„Мигрос" е создаден од страна на Готлиб Датвајлер во 1925 година во Швајцарија. За да може да ги исполни основните потреби на народот – евтина услуга и разновидни производи, почнува да користи 5 камиони Ford како продажен сервис. Причините за изборот на камион за продажно место за основните производи се намалување на трошоците (за кирија, електрична енергија, вода). Целта била на едноставен и евтин начин да ги опслужува потрошувачите, да го презентира новиот метод на продажба, како и да се доближи до што е можно повеќе луѓе.
Првиот супермаркет „Рамстор" во Македонија е отворен во центарот на Скопје на 11 јуни 2005 година со површина од 2.350 м2, што е во состав на шопинг-центарот „Рамстор", кој дневно брои повеќе од 20.000 посетители, од кои 5.000 од нив се посетители на супермаркетот. Иако „Рамстор" е дел од интернационалната мрежа присутна во повеќе држави (Турција, Казахстан, Азербејџан, Киргистан), тој работи преку стратегијата да соработува со локалните увозници, произведувачи и дистрибутери.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.