Актуелно

Од јануари нови 100 милиони евра поволни кредити за компаниите

30 Sep 2020

Нови 100 милиони евра поволни кредити за компаниите најави Владата како дел од четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.

Кредитите се обезбедени од Европската инвестициона банка и ќе бидат пласирани во јануари 2021 година преку деловните банки за поддршка на домашните компании и тие се со исклучително ниска камата, најави премиерот Заев.

Една од мерките е и продолжување на грејс периодот на бескаматните кредити од Ковид 1 линијата во траење од три месеци. Со оваа мерка, преку Развојната банка, на постоечките корисници на кредитните линии од оваа банка ќе им бидат обезбедени дополнителни три месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...