Актуелно

ПЛМА ја именуваше Пеги Дејвис за в.д.претседателка

09 Jun 2020

Здружението на производители на приватни трговски марки (ПЛМА) ја именуваше Пеги Дејвис за вршител на должноста претседателка на здружението, по смртта на нејзиниот претходник Брајан Шароф. 

Сега, наша одговорност е да се фокусираме на иднината. Како Управен одбор, разбираме дека ова е тешко и предизвикувачко време поради повеќе причини. Пеги Дејвис го има потребното искуство и квалификации и 100 отсто е подготвена за важна работа во Здружението, соопштија од Управниот одбор на ПЛМА. 

Именувањето доаѓа во време кога приватните брендови бележат напредок во продажбата затоа што и покрај пандемијата со коронавирус, ги привлекуваат потрошувачите со својата достапност и ниските цени. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...