Актуелно

Аплициравте за државна помош?Проверете дали сте на списокот

07 May 2020

Компаниите коишто аплицирале за државна помош за исплата на плата на вработените в понеделник ќе дознаат дали се меѓу оние кои ги исполниле условите за добивање на помошта. Ова го најави директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во синоќешното гостување во емисијата “Економски магазин“ на телевизија Алсат. 

Списоците ќе бидат истакнати на интернет страната на УЈП. 

Потоа ќе ги сортираме податоците, ќе ги обработиме и ќе составиме соодветна евиденциска листа до Генералниот секретаријат на Владата од каде што ќе се врши исплатата, појасни Лукаревска.

Инаку, на полноќ истекува рокот во кој компаниите може да поднесат барање за финансиска поддршка за исплата на платите за април годинава во износ до 14.500 денари месечно по вработен. Аплицирањето почна на 1 мај, а до вчера апликации испратиле повеќе од 19. 000 компании. Аплицирањето за помош за исплата на платите за мај, пак, ќе трае до 7 јуни.

Според последната одлука на Владата, работодавачот што ќе користи мерка за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување не смее да го намали бројот на вработени во април 2020 година, како и два месеци по нејзиното престанување (заклучно со август 2020 година), освен во оправдани услови дефинирани во законот за работни односи, како пензионирање или откажување на договор од страна на работникот, но не повеќе од утврдениот процент.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...