Сојузот на стопански комори на Македонија(ССК) го избра Ромео Костадинов за нов потпретседател.
Костадинов е претседател на Комората на сметководители, финансиери и даночни советници, која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори. Со повеќе од 30 години работно искуство во овие области, како и менаџерското искуство во раководење на компанијата „Еуро Консалт Плус”, друштво за економско правен консалтинг од областа на финансии, сметководство и даночна проблематика, Костадинов своето искуство ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопански комори на Македонија, застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората, соопштија од ССК.
Досегашните потпретседатели м-р Горан Ѓорѓиевски, д-р Орце Симов, Сашо Дукоски, д-р Тања Дејановска и Михаил Кирков остануваат на функциите, а завршува мандатот на досегашната потпретседателка Габриела Кулебанова.
Во ССК има 35 стопански комори кои членуваат во Сојузот и над 30 групации, здруженија и асоцијации.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.