Актуелно

БиХ ги ограничи маржите за брашно, леб, млеко...

07 Apr 2021

Владата на ентитетот на Федерацијата БиХ донесе одлука за ограничување на маржите на најважните прехранбени производи, нафтата и нафтените деривати. Целта е да влијае врз нивните цени, кои се зголемија за време на епидемијата на коронавирусот и со тоа да се намали притисокот врз буџетите на домаќинствата.

Максималната маржа на трговците на мало е утврдена на 6 отсто и 8 отсто на големо, бидејќи постојат услови за пропишување мерка за директна контрола на цената во Федерацијата БиХ.

Како резултат на зголемувањето на цените на производите поради пандемијата, трговските маржи се ограничени за сите видови брашно и леб, колачи и други пекарски производи, млеко и млечни производи, јајца и други важни прехранбени производи и храна за бебиња.

Одлуката опфаќа и средства за хигиена, семе и материјал за садење и средства во земјоделството.

Владата на Федерацијата БиХ не ја отфрли можноста повторно да интервенира во случај на зголемување на цените на храната.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...