Актуелно

Руски гигант отвори маркет во Србија

04 мар 2021

Рускиот трговски синџир „Светофор“ го отвори првиот маркет во Србија, лоциран во Крушевац. Следните продавници ќе бидат отворени во Пожаревац и во Нови Пазар. 

За сега во понудата има 400 производи. Според најавата од менаџментот, рафтовите со производи од Русија ќе се дополнат во следниот период, штом епидемиолошката слика ќе ги олесни условите за увоз. 

Соработуваме директно со производителите од Србија и тие ги пакуваат своите производи специјално за нас. Со тоа имаме ниски цени за нашите купувачи. Предност на овие маркети се ниските цени секој ден, како што е и нашиот слоган, изјави Гордана Мичиќ, директорка на маркетот во Крушевац. 

Како што порано беше најавено, „Светофор“ ќе отвори 15 маркети во Србија. Цените во него се за 20 отсто пониски во однос на конкурентските маркети. Овој синџир во Европа работи под брендот „Мере“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...