Актуелно

Бесплатен панел на „жешка“ тема – SCM по Ковид-19

10 ное 2020

Антонио Зрилиќ, екперт за Supply Chain Management (SCM) и долгогодишен соработник на InStore, ќе учествува на бесплатниот меѓународен е-панел „Reshoring in a Post COVID World“, кој ќе се одржи утре (11 ноември) од 16 часот.

Во следниот, многу краток период, следуваат значителни промени во структурата на глобалните синџири на снабдување.

Денес земјите на ЕУ и САД носат стратешки одлуки за враќање на стратешки важното производство назад во западната хемисфера (Европа и Северна Америка). Тоа би можело да биде портал од нови можности што се отвора за малите, средните и големите компании, кои можат да земат дел од новиот колач. Овој портал ќе биде отворен само ограничен период, додека не се заземат новите позиции. Затоа, препорачувам да го слушнете бесплатниот панел, на кој заедно со уште пет експерти за Supply Chain Management од Европа, Америка и Австралија, ќе зборуваме за новите можности што се отвораат со реструктурирање на синџирот на снабдување, препорачува Зрилиќ.

Заинтересираните за бесплатниот панел можат да се регистрираат тука. Сите регистрирани учесници ќе добијат снимка и e-book, со генерирани материјали од текот на подготовката на овој панел.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...