Видео вести

(ВИДЕО) „Амазон“ вработува 5.000 бегалци во Европа

20 Jun 2023

Во пресрет на Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, „Амазон“ потпиша договор со непрофитната организација „Тент партнершип фор рефјуџис“ за вработување на 5.000 бегалци во Европа. 

На ваков потег досега се одлучија вкупно 40 компании кои заедно ќе вработат и обучат вкупно 250.000 бегалци. Меѓу нив ќе се најдат и голем број бегалци од Украина, чиј број според некои проценки е и до 12 милиони, соопштија од организацијата. 

Лани на истиот начин во САД беа вработени 22.725 бегалци.

 

Овој чекор е добар за нас како компанија бидејќи можноста да додадеме различност во нашата работна сила може само да не направи посилна компанија. Различноста носи иновации, креативност и нова перспектива, соопштија од Одделот за човечки ресурси на „Амазон“. 

Како што наведе трговецот, повеќето ангажмани ќе бидат платени по работен час во магацините, во транспортот и испораката. Компанијата во последно време се обидува да најде работници за овие работни места и ги автоматизира своите складишта. 

Покрај тоа, „Амазон“ исто така ќе обучи 10.000 Украинци во рамки на својата програма ITSkills4U.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...