Автор: Антонио Зрилиќ, „Логико“
Една од класичните алатки и клучен показател што може да ни помогне е коефициентот на обрти на резервите. Две работи се значајни во врска со некурентни залихи: Прво, да се обидете да се ослободите од нив на каков било начин (распродажба, отпис и сл.) за да не ве оптоваруваат финансиски и просторно (да се сетиме на примерот со претпријатието од минатиот број кое постави цели, а не се ослободи со некурентните резерви и тоа му ја кочеше продажбата); второ, да се воспостави редовно следење на резервите за да може со време да се реагира на нивната повторна појава.
Некои претпријатија ги анализираат некурентните залихи еднаш или двапати годишно, додека некои тоа го прават месечно.
Оптималното следење би требало да се направи барем еднаш квартално, додека компаниите што се најдобри во своите категории го прават тоа еднаш месечно и почесто. Од пресудна важност е тоа да се прави редовно.
Планот што треба да се следи за да се постигне тоа гласи:
Табела 1: Структура на залихите во една компанија (пресметано со помош на stock оптимизаторот - www.logiko.hr)
|
Некурентни залихи |
|
|
|
Коефициент на обрти |
0 |
1 |
2-5 |
5+ |
Број на артикли |
802 |
364 |
238 |
289 |
Вредност на залихите во евра
|
552.227 |
737.014 |
218.310 |
389.305 |
Анализата на коефициентот на обрти во овој случај покажа дека компанијата во наведениот пример има многу артикли (вкупно 1.166) кои имаа коефициент на обрти еден (т.н. нискообртни) или нула („мртви“ залихи), што значи дека во текот на годината се продаваат еднаш или ниту еднаш. Со оглед на тоа што се работи за вкупен износ од повеќе од 1,2 милион евра, кој не е занемарлив во споредба со вкупните залихи, постои голем потенцијал за заштеда. 238 артикли имаат коефициент на обрти меѓу 2 и 5 и прават волумен од 218.310 евра, а коефициент од повеќе од 5 имаат 298 артикли со вредност на залихите од 389.305 евра.
Оваа анализа ни дава неколку работи за размислување. Прво, дека еден голем сегмент на залихи е неподвижен и потребно е за него да се најде решение по секоја цена (за тактиките за ослободување од некурентните залихи повеќе ќе пишувам во наредните продолженија). Друга работа што треба да се земе предвид е дека еден голем сегмент од залихите (737.014 евра) бавно се движи и дека е добро да се забрза, бидејќи ќе се претворат во некурентни залихи, па ќе мора да се отпишат како што тоа го направи компанијата од дадениот пример со категоријата од оние 500.000 евра. Трета работа што може да се исчита од оваа табела е cash-flow потенцијалот кој се крие зад вашите залихи. Може да се случи од некоја причина да сакате што побрзо да дојдете до готовина (не е тешко да се замисли оваа ситуација во денешно време), а готовината е замрзната во вашите залихи на речиси една година. Во горниот случај тоа е износот од повеќе од 700.000 евра. Доколку ја намалите цената, може да се забрза продажбата на овие залихи и на тој начин да се дојде до готовината. Во секој случај, анализата и редовното следење на коефициентот на обрти ви дава алатка за успешно управување со залихите и cash-flow, како и голема предност пред конкуренцијата која тоа го прави помалку успешно.
Кинескиот генерал Сун Цу во „Уметноста на војувањето“ напиша: Направи го тоа што е големо додека е уште мало. Најголемите работи во светот мора да се направат додека сè уште се мали. Поентата на оваа приказна, а и на целата тема на некурентни залихи е тоа што тие треба редовно да се анализираат, компаниите редовно да се ослободуваат од нив, додека се уште мали. Како што тие растат, потешко е да се решиме од нив, а болката што ја предизвикуваат е многу појака.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.