Продажба

Е-продажба: Изберете го вистинскиот партнер

07 Oct 2020

Многу е важно уште од почетокот да се воспостави соработка која ќе се темели врз принципите на транспарентност и споделување на сите достапни податоци

Image result for Дарко Васелиќ,Пишува: Дарко Васелиќ, менаџер за бизнис-развој за Словенија, Хрватска и БиХ во „Џонсон & Џонсон“

Во претходните три текста Е-продажба пишуваме за основните чекори што треба да се направат при лансирањето онлајн-канал за продажба. Заклучивме дека основните чекори што треба да ги следат производителите пред да почнат со е-продажба се следниве четири:

  • Да ги изберат брендовите што сакаат да бидат присутни кај онлајн-трговците;
  • Да знаат кои се конкурентите во каналот за е-продажба, односно кои стратегии и тактики ги користат;
  • Да создадат содржина преку која сакаат да ги претстават производите;
  • Да изберат онлајн-продавници во кои сакаат да ги активираат е-понудите.

Во претходните три текста беа разработени првите три чекори, а во овој текст ќе стане збор за последниот.

Кога се отвора темата за е-трговија, најчеста асоцијација е продажба преку интернет, односно продажба преку веб-платформа и достава на нарачките на некој од достапните начини. Сепак, терминот е-трговија денес опфаќа многу поширок спектар на услуги од продажба и достава. Насоката за развој на платформите за е-трговија е најдобро претставена преку поделбата на буџетот за одделни активности во кои доставувачите вложуваат. На прашањето: Во кои активности на е-трговијата ќе вложувате во следниот период?, добиени се следниве одговори:

  • Платформа за е-трговија – 46%;
  • Онлајн-маркетинг – 24%;
  • Социјални медиуми – 24%;
  • Маркетинг по е-мејл – 23%;
  • М-трговија (преку мобилни телефони) – 21%;
  • SEO (Search Engine Optimization – оптимизација на интернет-пребарувачи) – 21%;
  • Контент-менаџмент – 21%.

Отвореното споделување на податоците и заедничките сили ќе придонесат за значително поедноставен и побрз развој на каналот за е-продажба, нешто што е суштински потребно за сите што се вклучени во овој канал.

Од одговорите евидентни се клучните буџети што ги вложуваат компаниите, кои се тесно поврзани со онлајн-продажбата. Провајдерите за е-трговија развиваат услуги со цел на доставувачите да им го понудат концептот „one-stop shop“, што на купувачите ќе им овозможи да го најдат тоа што им е потребно на едно место.

Од аспект на доставувач и сопственик на буџет, тоа сосема има смисла. На тој начин доставувачите добиваат експертиза што е поврзана со нивните напори во продажбата. Провајдерите за е-трговија би требало да имаат на располагање голем број податоци поврзани со навиките и начините за купување на онлајн-порталите, репрезентативност од различни групи купувачи, можност за различни облици на маркетинг, поврат на инвестицијата за различни активности итн.

На тој начин провајдерот за е-трговија стапува во партнерски однос со доставувачот во развојот на онлајн-продажбата, со вложување заеднички ресурси. Со оглед на природата на е-трговијата, која се отсликува во скромната пенетрација во рамките на генералната популација, скромната доверба во овој начин на купување, како и во релативно малата фреквенција, доставувачите треба да ги најдат вистинските провајдери. Тоа се тие што ќе можат да им понудат експертиза во овој канал на продажба, односно тие што партнерски ќе пристапат кон развојот на заедничкиот бизнис.

Многу е важно уште од почетокот да се воспостави соработка која ќе се темели врз принципите на транспарентност и споделување на сите достапни податоци. Под тоа се подразбираат и податоците за успешност и одѕив на различните маркетинг-активности. Со оглед на тоа што во овој канал сè уште се работи по принципот „обиди и грешки“, особено е важно да се имаат податоци што можат да се анализираат за да се дојде до заклучок на кој начин треба да се напредува. Успешните провајдери за е-трговија ги имаат на располагање овие податоци. Отвореното споделување на податоците и заедничките сили ќе придонесат за значително поедноставен и побрз развој на каналот за е-продажба, нешто што е суштински потребно за сите што се вклучени во овој канал.

Сепак, работите не можат да се сведат на црно-бели. Изборот на партнер за е-трговија зависи и од развиеноста на експертизата на доставувачот во овој канал. Ако доставувачот ја поседува потребната експертиза, тогаш тој може да се впушти во партнерство и со помалку развиени провајдери и на тој начин да ја преземе улогата на лидер во развојот на онлајн-каналот.

Ако тоа го преведеме на „балкански“ јазик, тогаш изборот на провајдери за е-трговија може да се однесува на неколку партнери. Во тој случај, текстов може да биде идеја кон која ќе треба да се стремат доставувачите при воспоставувањето и развојот на партнерските односи.

Останете безбедни!

Извори:

www.kantarretailiq.com

www.nielsen.com

www.convertgroup.com

www.stackline.com

www.statisa.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...