Во рамки на кампањата, чија цел е да го издигне популарниот пијалак со осврт на трудовите на многу светски уметници, компанијата лансираше две минутен видео - спот и колекција дигитални колекционерски елементи за помладата публика.
Спотот се темели на фотографија од шише coca-cola што ја креираше Енди Вархол во 1962 година, како почетна точка. Главниот лик на фотографијата ја пружа раката надвор од кадараот за да го зграби шишето од фотографијата на Вархол, пред да го лансира во сцени од други култни дела, како што се „Врисок“ на Мунк од 1895 година и „Бродолом“ на Тарнер од 1805 година.
„Ремек - дело“ ("Masterpiece") не е приказна во која се појавува Coca - Cola како бренд... Тука Coca-Cola самиот е приказна за себе, соопштија од компанијата.
Покрај тоа, „Кока кола“ покрена и онлајн галерија во која потрошувачите можат да погледнат краток филм и да истражат повеќе од десетина уметнички дела истакнати или прикажани во видео.
Кампањата почнува овој месец во Латинска Америка, потоа во Азија, а подоцна во тек на годината ќе се прошири и на другите пазари.
Погледнете:
Извор: Marketing Dive
Фото: Coca-Cola
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.