Нови

Ексклузивна ЕДНОДНЕВНА ОБУКА: „Shopper Psychology and Claims Development“ со Tony Durham

17 Jan 2024

По фантастичната презентација на 9 FMCG Summit, на барање на бизнис-заедницата, Tony Durham, на 6 март конечно со професионална обука во Скопје! Искористете ја единствената можност да дознаете како купувачите избираат, како да се освои и задржи нивното внимание!

  • LinkedIn профил на Tony Durham
  • 35 години на раководечки позиции во компанијата P&G
  • Последната деценија од кариерата во оваа компанија ја обележува неговата работа на позицијата директор на SBD (Shopper Based Design) за регионот на Европа, Индија, Африка и Блискиот Исток.

Обуката е наменета за:

  • маркетинг професионалци
  • професионалци од областа на shopper-маркетинг и trade-маркетинг
  • продажни експерти

АГЕНДА

Првиот дел за психологијата на купувачот 4 часа вклучува:

  • Психологија на купувачот - како купувачите донесуваат одлуки?
  • Како да привлечете внимание во продавницата и онлајн? Како да поттикнете купување и повторно купување и како да влијаете на сегашната одлуката за купување.
  • Оваа обука се заснова на истата содржина како маркетинг-едукацијата на P&G професионалците, денес интегрирана во основната обука на над 20 врвни FMCG-компании.
  • Курсот опфаќа мешавина од теории, вежби и дискусии преку многу реални примери за тоа како врвните брендови и трговци на мало го користеле знаењето за да ја поттикнат продажбата и профитот.
  • Обуката се фокусира на практична примена на знаењето за учесниците да можат веднаш да почнат да го применуваат и да реализираат поголема продажба и профит.
  • На крајот на обуката ќе добиете знаење за клучните принципи што може да ги користите за да привлечете што поголем број купувачи и да влијаете на нивните одлуки за купување.

Вториот дел за развој на маркетиншките тврдења 3 часа опфаќа:

  • Како да се идентификуваат бариери за купување?
  • Како да креирате ефективни маркетиншки тврдења за брендовите. Односно, пораки кои носат поголема продажба?
  • 24 видови маркетиншки тврдења
  • Како да се разбере правниот ризик од маркетиншките тврдења и како да се тестира ефективноста на истите?

Ова го вклучува теоретскиот дел, а потоа ќе се разгледаат успешни примери што ги користат актуелните брендови денес во нивната комуникација и причините зошто е тоа така. На крајот на овој дел ќе научите кои се бариерите, видовите на маркетиншките тврдења и како да развиете маркетиншки тврдења кои даваат продажни резултати.

Професионална обука за психологија на купувачите од Tony Durham

Вниманието на купувачот е најтешко да се привлече во окружување преполно со информации, без разлика дали се работи за маркетиншки материјал, пакување, POS (Point of Sale), конкурентност во продавница или онлајн. За да се биде успешен во продажбата, неопходно е да се разбере како купувачите носат одлуки за купување? Што го привлекува, а што го задржува нивното внимание? Кој е ефектот на претходно научените асоцијации за брендовите? Како да се осигурите дека ќе го придобиете ова внимание од фокусот на купувачот пред конкуренцијата?

Обуката „Shopper Psychology and Claims Development“ се фокусира на ВНИМАНИЕ, РАЗУМ, ОДЛУКА со цел да даде знаење како да се влијае на одлуката за купување токму на вашиот бренд. Ова би вклучувало разбирање на „мрзливиот мозок“ на купувачот и како тоа разбирање ви дозволува да го привлечете неговото внимание. Како бојата, обликот, сликите, насоката на погледот и контрастот на боите влијаат без разлика дали сте забележани. Ќе дознаете како умот ги игнорира работите кои се конзистентни и исти и се фокусира на разликите.

Ќе научите како да ги разберете бариерите за избор на купување, но и како да ги надминете преку презентирање на пораки и информации на вистинскиот начин. Исто така, оваа обука опфаќа различни начини на кои можете да го поттикнете купувачот да одлучи да го купи вашиот бренд сега.

ЦЕНА по учесник е 299 евра (ДДВ не е вклучен во цената).

Во цената на котизацијата е вклучено следење на предавањето, сертификат, ручек, пијалаци и кафе за време на паузите.

Пријавувањето може да го направите на: meri@instore.mkedukacija@instore.mk

Телефон: 071 262 441, Мери Каталиниќ

* Забрането е фотографирање и снимање на обуката.

* Презентацијата ќе биде на англиски јазик без превод.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...