Властите во Пекинг денеска апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемија на Ковид-19, затоа што примероци од замрзната храна од странство неколку пати биле позитивни на коронавирусот.
Царината и локалните власти во неколку наврати откриле коронавирус во увезена замрзната храна, соопшти Управата за трговија во Пекинг.
Надлежната служба во кинеската престолнина апелираше внимателно да се следи епидемиолошката состојба и да се избегнува увоз на замрзната храна од земјите погодени од масовното ширење на коронавирусот.
Кинеските власти овој месец го прекинаа увозот на замрзната морска храна од Бразил, Индонезија и Русија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.