Свет

Улично уметничко дело за социјална дистанца

18 Jul 2020

Брендот Stella Artois создаде улично уметничко дело, кое помага во одржувањето социјална дистанца.

Огромната уметничка инсталација на Stella Artois е со димензии 28Х14 метри и се наоѓа на популарното место за собирање – улицата Брик Лејн во источен Лондон. На делото е претставена комбинација на кругови и линии, со силни, контрастни бои, кои илустрираат жена што наздравува со пиво.

Геометриските облици и контрастните бои не само што се естетски, туку и им покажуваат на луѓето каде да седат за да се придржуваат кон мерките за социјално дистанцирање. Луѓето можат да седат во круговите и да бидат далеку еден од друг, без физички бариери. За идејата е заслужен тимот на „Студио намбр уан“, основан од уличниот уметник Шепард Фејри.

Откако по отворањето на угостителските објекти во Англија и олеснувањето на карантинските мерки, властите им дозволија на пабовите и на рестораните да продаваат храна и пијалаци „за носење“, многу луѓе сè почесто јадат и пијат на отворено.

Социјалното дистанцирање не мора да биде антисоцијално за да бидеме сигурни. Уметноста ја користиме за повторно обединување на луѓето, но на безбеден начин, без да правиме бариери. Преку уличната уметност, уживаме што повторно сме заедно, а притоа остануваме безбедни, вели Али Хемфри, директор за маркетинг на Stella Artois.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...