Свет

„Амазон“ ќе воведе шопинг количка која сама ги наплатува намирниците

16 Jul 2020

„Амазон“ ќе воведе колички за купување кои ќе ги следат производите додека клиентите ги ставаат во нив, а потоа автоматски ќе ги наплатуваат кога од количката ќе ги отстранат кесите со намирници, овозможувајки им да ги прескокнат редовите на каса. 

Првата таква нова количка ќе биде претставена во новата продавница на „Амазон“ во Лос Анџелес, која би требало да се отвори до крајот на оваа година.

Клиентите мора да имаат „Амазон“ сметка и паметен телефон за да ги користат овие услуги.

Сите колички ќе бидат опремени со камери, сензори и ваги, а додека клиентите додаваат и отстрануваат предмети, дисплејот на предната страна на корпата ја прилагодува вкупната цена.

Компанијата ќе им наплаќа на клиентите преку кредитна картичка која е поврзана со нивната сметка на „Амазон“ и преку е-меил ќе испраќа копија од сметката.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...