Свет

Johnnie Walker во картонско пакување

14 Jul 2020

Johnnie Walker, брендот виски стар 200 години, наскоро ќе се продава во картонска амбалажа. 

„Диаџио“, компанијата сопственик на овој бренд, соопшти дека на пролет следната година ќе ги пушти во продажба првите нови еколошки пакувања кои ќе можат целосно да се рециклираат. Од компанијата велат дека производството стаклени шишиња троши енергија и емитува јаглероден диоксид. 

За картонската амбалажа, „Диаџио“ ја ангажира истата компанија која произведува амбалажа и за „Унилевер“ и „Пепси“.  

Многу брендови развиваат картонски пакувања во обид да го намалат загадувањето и да ги направат производите поодржливи. Меѓу нив не е „Кока-кола“, која на почетокот од годинава соопшти дека нема да се одрече од еднократната пластична амбалажа бидејќи токму таа им се допаѓа на потрошувачите. 
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...