Свет

Русија го ограничува извозот на жито до 1 јули

27 Apr 2020

Русија, првиот извозник на житни култури во светот, го ограничува извозот на неколку видови житни култури - житарки, 'рж, јачмен, пченка.

На почетокот на април Русија одлучи да го ограничи извозот на житни култури на седум милиони тони, што ќе трае до 1 јули. Ова предизвика реакции од ФАО, Светската трговска организација и Светската здравствена организација, кои изразија стравувања дека тие ограничувања во време на пандемијата може да предизвикуваат недостаток на храна.

Сепак, од оваа земја објаснуваат дека тие квоти се „целосно исцрпени“, додавајќи дека извозот на житни култури ќе биде прекинат до 1 јули 2020 година.

Русија е првиот извозник на жито во светот и еден од водечките светски производители и извозници на жито во светот.

Вооедна руската влада кон средината на март објави дека планира да воведе ограничувања на извозот на некои прехранбени производи пореди кризата педизвикана од вирусот корона, за да се обезбеди стабилноста на националниот пазар. Оваа руска одлука може да влијае на порастот на веќе високите цени на житото во светот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...