Свет

„Волмарт“ вработува дополнителни 50.000 работници

22 Apr 2020

Од „Волмарт“ најавија дека ќе вработат дополнителни 50.000 вработени во своите продавници и во дистрибутивните центри.

Потребата од нови вработени се јави поради зголемената побарувачка во време на пандемијата.

Американскиот трговец објави дека ја постигнал претходно поставената цел за вработување 150.000 работници шест недели пред планираното.

Според пишувањата во светските медиуми, компанијата просечно ангажирала 5.000 работници дневно, во период кога милиони Американци останале без работа.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...