Свет

Во минус цените на нафтата во САД

21 Apr 2020

Цената на нафтата, за првпат во историјата на САД е во минус 37,63 долари. Тоа никогаш не се случило во историјата: нафтените компании дистрибуираат нафта бесплатно затоа што повеќе нема каде да ја чуваат.

Цените на нафтата паднаа за првпат во минус, во услови на колапс на побарувачката поради пандемијата на корона вирусот и немањето каде да се складира. Цената на американската нафта со испорака во мај прво падна на нула, а потоа се спушти на минус 37,63 долари за барел. На почетокот на годината цената беше околу 60 американски долари за барел.

Минусната цена во голема мерка се должи на технички причини, бидејќи договорот за мајска испорака на американската референтна нафта истекува наскоро, а обемот на тргување е мал, бидејќи не е лесно да се најдат купувачи. Складиштата се полни и понудувачите се принудени да ја намалат цената за да најдат купувач.

Големите производители на нафта најавија дека ќе го намалат производството со надеж дека ќе постигнат подобар биланс на понудата и побарувачката.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...