Свет

Франција: „Амазон“ треба да ја засили заштитата на работниците

17 Apr 2020

Судот во Франција донесе пресуда дека „Амазон“ треба да обезбеди подобра заштита на работниците за вработените да избегнуваат потенцијално заразување вирусот корона.

Судот исто така пресуди дека испораката на производи во Франција е ограничена на основните потреби.

Во пресудата се наведува дека компанијата не вложила доволно напори за да обезбеди безбедно растојание меѓу работниците. Исто така, не бил темелно оценет ризикот од зараза при носење на пакетите, објави судот врз основа на инспекциите од инспекторите во повеќе складишта во Франција.

Затоа, судот даде рок од 24 часа да го намали протокот на сите пратки низ магацините и да го ограничи на храна, средства за хигиена и медицинска опрема, заканувајќи се со казна од 1 милион американски долари на ден ако се задоцни во извршувањето на оваа одлука.

Работниците се судрија со администрацијата на „Амазон“ во Франција и во другите земји во однос на степенот до кој се спроведуваат упатствата за здравствена заштита. Компанијата пријави десетина случаи на зараза меѓу вработените.

Претставниците на синдикатот рекоа дека се задоволни од пресудата и се надеваат дека тоа ќе резултира со помалку испораки за време на пандемијата.

„Амазон“ тврди дека се придржува кон упатствата дадени за заштита од корона вирусот. Тие рекоа дека не се согласуваат со пресудата, додавајќи дека сè уште ги проценуваат импликациите врз логистичките центри. Порачуваат дека во Франција ја мерат температурата на работниците како и во другите земји и дека им се дадени заштитни маски и гелови за дезинфекција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...